речник контакт

Двајца велешани наместо ЦД со лекции за учење странски јазик, ги продавале празни

СВР Скопје им поднесе кривични пријави за измама

Петар Печков

Двајца велешани се сомничат дека продавале ЦД за учење странски јазици, кои биле празни, без содржини. За настанот информираше МВР.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30 год) и Д.В.(36 год), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл.378 од Кривичниот законик. Двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн продажба нуделе и продавале материјали (ЦД-а) за учење на странски јазици кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број на граѓани, стекнувајќи се со противправна имотна корист“- соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »