Петар Печков
Објавено: сабота, 13 март 2021
Повторно висок број на нови случаи со ковид-19, регистрирани во велешко денес -сабота. Според билтенот на Институтот за јавно здравје има 47 ново заразени лица, со што е четврти град во земјава после Скопје, Прилеп и Кавадарци. Оздравени се 15 пациенти. Активни се 324 случаи а досега има заразено 3.718 лице.
„На Инфективното одделение во велешка Болница починати се двајца пациенти и двајцата од Велес, еден на 55 годишна возраст лекуван четири дена и пациент на 74 годишна .возраст лекуван три дена, и двајцата позитивни на Ковид 19“ - информираше д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Дополни дека вчера, петок во попладневните часови, еден пациент е транспортиран за Скопје во Приватна Болница -Систина.
Со овие две лица, починати од последиците на корона вирусот, бројката во велешко со смртни последици се искачи на 118 случаи.
На лекување во велешка Болница се 46 пациенти, од вкупниот број 39 се сместени на Инфективно одделение и седуммина се на Интерно.
Од лежечките пациенти 36 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и осум лица се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се13 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Tweet |