Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 октомври 2020
Двајца велешани уште претпладнево, после празнично се алкохолизирале и во таква состојба седнале зад волан од автомобил и управувале возило. Кај едното лице - 54 години имало 1,06 промили а кај второто- 46 години 1,25 промили алкохол. Ова го констатирале полициски службеници од мобилната полициска единица на МВР, која денес во Велес престојува неколку часа за контрола дали возачите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Само за еден час, од 11 до 12ч. во денешната акциска контрола во Велес, изречени се 70 санкции, пред се за мотоциклисти што не ги почитуваат прописите, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол. До сега во овие дваесетина дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли, изречени се околу 10.000 санкции, на територијата на цела држава - кажа Тони Ангеловски портпарол на МВР.
Одговарајќи на новинарско прашање, каков е одѕивот во јавноста за овие засилени, зачестени контролни акции, тој рече дека се позитивни.
Граѓаните ги поздравуваат овие акциски контроли на МВР, граѓаните сакат ред, граѓаните сакаат безбедни улици и патишта и даваат целосна поддршка во санкционирањето на прекршителите на прописите и правилата - одговори Ангеловски.
При денешната сообраќајна контрола, СВР Велес информираше дека се изречени севкупно 137 санкции, меѓу кои, 10 за измината важност на сообраќајната дозвола - нерегистрирани возила, 29 за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци на мотоклицисти, три за управување на возило под дејство на алкохол, а се изречени и 11 санкции за не носење на заштитна маска на лицето. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредни денови.
Tweet |