Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2026
Од полицискиот билтен за изминатото деноноќие
На 28 октомври во 21:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.А.(35 год) од Велес. Тој се сомничи дека од куќа во Велес, во која привремено престојувале две лица, одзел пари, телефони и други предмети. Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Ј.А. бил задржан во полициска станица.
На 29 октомври во 04:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Д.(25 год ) од Велес. Тој се сомничи дека од работилница во Велес одзел алати, а од домот на 28-годишен велешанец со употреба на сила одзел разни предмети. Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците А.Д. бил задржан во полициска станица.
| Tweet |




