Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јули 2013
Министерството за внатрешни работи кривична пријава против лицата С.Ј. (39) и Ѓ.Д.(47), двајцата од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „ криумчарење на мигранти“.
Двајцата велешани на 12 јули се обиделе илегално да превезат шест лица државјани на Бангладеш. Во 22,50 часот на автопатот Гевгелија - Скопје, поточно по стариот пат Демир Капија –Скопје, при контрола на автомобил "Шкода Фабиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д., откриени се шест државјани на Бангладеш со илегален влез и престој во Македонија. Тие според нивното кажување имале намера илегално да се превезат до Скопје-Куманово, а понатаму преку Србија, Унгарија да стигнат до западно европските земји.
Пријавениот С.Ј. кој се превезувал во ПМВ "Форд Фиеста“ имал улога на организатор и со неговото возило го чистел теренот за превезување на илегалните мигранти. Лицата се изведени пред истражен судија кој им одреди притвор во траење од 30 дена.
Tweet |