речник контакт

Двајца велешки гинеколози обвинети за смрт на новороденче

Започна судењето на д-р Ристо Гашев и д-р Аристотел Тренчев обвинети за смртта на бебето на Оливера Гиновска Анева

Петар Печков

Во Основен  суд Велес  започна судењето против двајцата велшки доктори гинеколози, за смрт на новороденче.  На обвинителната  клупа седнаа д-р   Ристо Гашев ( 64 год) и д-р Аристотел Тренчев ( 47 год).

Тие се обвинети за кривичното дело ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,  на породување кое се случило на 14 август 2015-та година. Двајцата гинеколози според обвинението    нестручно постапиле  при породувањето на Оливера Гиновска Анева и не биле точно утврдени димензиите на плодот, ниту нешто е преземено кога започнало  породувањето а бебето не напредувало. По ова бебето починало.

Двајцата доктори  Гашев и Тренчев отфрлија дека се чувствуваат виновни  или со нешто  придонеле за смртта на новороденчето.   Судењето започна со сослушување на сведоци, лица кои учествувале или присуствувале на породувањето.   

Акушерката Убавка Стојанова посочи дека д-р Тренчев бил дежурен цела  ноќ а останал дента на работа оти  имал закажан царски рез а д-р Гашев бил прва смена. Породувањето на пациентката се случило околу 13ч и траело 15-тина минути на акушерското одделение пациентката  дошла утрото во 6ч. .   

Пациентката беше примена со породилни  болки. Кога започна породувањето главата на бебето излезе и  плодот заглави во рамениците. Беше извлечено со влечење од страна на д-р Гашев – рече Стојанова.

На прашањето од обвинителката Анастасија Миланова дали бебето беше живо кога се роди, сведокот замолчи, за да на дополнителното дали заплака, Стојанова одговори,,бебето и го дадоа на  педијатарот,, не одговарајќи на поставените прашања.

Сведочеше  и Славица Самаракова која била сестра во интензивна  нега на акушерство. Таа не  присуствувала на породувањето, но влегла за кратко да го праша д-р Тренчев за најавениот царски рез. 

Кога влегов во салата  бебето беше мртво, анестезиологот вршеше реанимација од мене побара адреналин.  Ја  дадов ампулата и заминав – рече Самаракова.  

Судењето продолжува кон крајот  на декември  годинава.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »