Петар Печков
Објавено: недела, 25 мај 2014
На сениорското Европско првенство во кајак на диви води- слалом, кое од 29-ти мај до 1-ви јуни се одржува во Виена Австрија, боите на репрезентацијата на Македонија ќе ги бранат и двајца велешки кајакари.
Во К-1 ќе настапат Љубомир Спасиќ член на ККК Гемиџии 903 и Борче Мирчевски од ККК Бабуна. Тие заедно со Иван Делиев третиот член на репрезентацијата ќе настапат и во 3хК-1.
Tweet |