Петар Печков
Објавено: среда, 24 мај 2023
Настанот се случи околу пладне, во 11,30ч. во населба Речани. Двајца градежни работници , при изведување на градежни работи, паднеле од скели, едниот е на 63 другиот на 64 годишна возраст.
„Примивме повик за две повредени лица. Двајцата мажи беа во свесна состојба, згрижени, дадена неопходна помош и префрлени на ортопедија од велешка Болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата а Итна помош.
„Околу 12ч. примени се две лица, мажи, кај кои се констатирани повеќе скршеници по телотом политраума, и поради специфичните повреди префрлени на Клинички во Скопје“ - информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.
Ден подоцна, се огласи и СВР Велес.
„Повредени се З.Ж.(63 год) и Ѓ.М.(62 год), двајцата од Велес. Според пријавеното, тие околу 11 часот, се сдобиле со повреди, додека извршувале градежни работи на куќа во Велес, сопственост на И.Т.(37 год) од Велес“ - соопштија од МВР.
фото илустрација, архива
Tweet |