речник контакт

Двајца косовски државјани казнети со по 800 евра, оти не го почитувале полицискиот час

Лицата биле откриени на наплатна рампа Отовица

Петар Печков

Двајца државјани на Косово,  платија 800 евра глоба, откако во средата вечер, пред седум дена, беа уапсени како  не  го почитуваат полицискиот час, кој е во времетраење од 22 до 5 ч. наутро.

ОЈО Велес до Основен суд Велес поднел Обвинителен предлог против две лица, косовски државјани, за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

„Обвинетите на 17 март во 23:05 часот, за време на важечки полициски час, со автомобил се движеле по автопатот Е-75, па на наплатна станица Отовица биле сопрени и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес“. соопштија од ОЈО Велес.

Тие од судот побарале и на обвинетите им била изречена казна во висина од 800 евра, која веднаш ја платиле.

Заклучно со 19-ти март, велешката полиција регистирала 11 непочитувања на полицискиот час во велешко.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »