речник контакт

Двајца крадци фатени на дело, како на ден пладне крадат од фабрика во Велес

Украдените предмети им биле одземени, а сторителите биле приведени во полициска станица

Петар Печков

Двајца крадци фатени на ден пладне како крадат од велешка фабрика. Полицајците ги уапсиле на дело.

„На 7-ми август во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.З.(30) и Е.Х.(21), двајцата од Велес. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во фабрика во Велес, односно во моментот кога се обиделе да ги стават украдените предмети во возило и да заминат“- соопштија од МВР.

Украдените предмети им биле одземени, а сторителите  биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »