речник контакт

Двајца млади велешани печателе сами денари

Фалсификувани биле банкнотите од по 1000 и 500 денари

Петар Печков

Велешката полиција, вчера, понеделник лишила од слобода две лица, кај кои пронашла фалсификувани денари.

„На 22.05.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода В.М.(21 год) и Д.Р.(20 год), двајцата од Велес. На пазарот во Велес тие се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција. Тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари“ - соопштија од МВР.


По целосно документирање на случајот против двете лица  ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »