Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 октомври 2023
СВР Велес со информација за синоќешниот инцидент во центарот на градот, кога криумчари на мигратни влегоа во спротивен правец на еднонасочна улица. При тоа звршија во канал, каде се изведуваат градежни работи. едното момче нападнал полицаец кој учествувал во акцијата за нивно апсење.
„На 29 октомври во 20.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18 год) од село Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18 год) од Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници. Околу 20.05 часот на автопатот А1, полициски службеници од ПС за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ. При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник “ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во болницата во Велес.
„Во болница вчера вечер донесено е дете на 10 годишна возраст, кое се жалело на повреди на глава. Испитувањата покажале дека станува збор за лесна повреда и во текот на денот ќе биде пуштено од Болница. Со него биле и неговиот татко и уште едно лице, но тие не се жалеле на повреда и не побарале лекарска помош“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи во јавност во велешка болница.
По наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Tweet |