Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 април 2020
МВР со информација за две сообраќајни незгоди, случени независно една од друга, во кои учествувале двајца мотористи. И во двата случаи мотористите завршиле на Клинички во Скопје соа тешки повреди.
Неделата попладне 26-ти април во 17.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, во близина на Катланово, А.Н.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо Х10 350“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во оградата од автопатот и паднал. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош - информираа од МВР.
Саботата на пладне 25-ти април околу 12,20 часот на регионалниот пат село Мамутчево -Велес, се случила сообраќајна незгода во која С. С. (41) од Штип управувајќи моторцикл “кавасаки“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и излетал надвор од коловозот - пишува во информацијата на МВР.
Први на помош стигнала службата за итна медицинска помош од Велес, која го имобилизирала повредениот и го префрлила во велешката Болница. Од таму информираат дека С.С. имал повеќе повреди.
Лицето е политрауматизиран со повреди на граден кош, пршлени и препратено на Клинички во Скопје - информираше д-р Весна Николовска Неделеков портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
По незгодата С. С со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди, и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје.
Tweet |