Петар Печков
Објавено: недела, 22 август 2010
Несреќата се случила во неделата наутро во 2,40 минути на улицата Вардарска, на надвозникот кај Градскиот Базен кога мопедот управуван од А.С ( 24 год) преминал на другата сообраќајна лента и удрил во шевролет парк управувано од Ј.Н. ( 29 год).
Од силината на ударот со тешки повреди се здобиле моторџијата А.С и неговиот сопатник Т.Ѓ ( 24 год), по што се пренесени во велешката Болница од каде итно се пренесени на Клиниката за ортопедија во Скопје поради бројните скршеници на двете нозе. Докторите велат дека нивните животи не се во опасност, но поради скршениците морале да бидат пренесени во Скопје.
Tweet |