Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2020
Двајца велешани се ново заразени со ковид-19, соопшти Министерството за здравство, со што вкупната бројка на досега заразени лица од велешко е 137. Тоа е за четири повеќе отколку што вчера истото ова министерство пријави, вкупно 133 а не за две како што пишува во информацијата.
Според добро упатените до ова дошло, поради тоа што две лица од Велес, мајка и син, се тестирале во приватна клиника во Скопје, и резултатите покажале дека се позитивни на ковид-19. Тие вчера се заведени како жители на главниот град, каде и се тестирале и биле прикажани како новозаразени скопјани. Денес таа грешка била откриена и се префрлени од листата на вкупно заразени од градот Скопје на градот Велес. Тие се заразиле од нивниот сопруг и татко, кој пак бил позитивен од стар кластер и бил сместен на Инфективно одделение.
Едното од ново заразените лица е граничен полицаец кој работел во Гевгелија, каде беше констатирано дека полицаец од мешовита патрола од Унгарија, кога се вратил дома бил позитивен. Второто ново заразено лице од непозната кластер, бидејќи епидемиолошката анкета, не покажа од кого е заразена - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Со ова во Велес има активни 28 случаи.
На инфективното одделение од велешка Болница има 13 пациенти, од нив 11 се потврдено позитивни за двајца се чекаат резултатите. Еден пациент од таму, по два последователно негативни теста е пуштен дома, како оздравен.
Tweet |