Петар Печков
Објавено: четврток, 30 април 2020
Според извештајот на Министерството за здравство во Велес изминатото деноноќие има два нови случаи на лица позитивни со ковид-19. Со ова бројката на вкупно заболени во Велес изнесува 71. Деновиве по два негативни теста пуштени се дома две лица кои биле хоспитализирани на Инфективно одделение.
Таму денес биле 16 лица, 14 позитивни и две за кои се чекаат резултати а имале симптоми. Градоначалникот Коцевски соопшти дека четирите лаборанти од Здравствен дом, кои имаа контакт со сомнителен случај на корона вирус, на тестот покажале дека се негативни.
Во изминатите 24 часа во Македонија, направени биле 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19. Денес во земјава се починати две лица, пациент на 62 год од Скопје и пациентка од Гостивар на 59 год возраст.
Tweet |