Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 април 2020
Двајца пациенти од Велес, кај кои беше регистрирано присуство на вирусот ковид-19 оздравеа и се дома. Оваа вест ја потврди портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес.
Прво заболениот пациент од Велес со ковид-19 и возачот од ШС Бабуна, кој беше на Инфективна клиника во Скопје, се оздравени, покажаа двата последователни теста и овие лица се дома - изјави д-р Весна Николовска Неделкова.
Од 32-те досега заболени лица со корона вирус од Велес, 11 се наоѓаат на Инфективно одделение при ЈЗСУ Општа Болница Велес, двајца се починати, дел се на домашно лекување, дел на Инфективна клиника во Скопје.
Починати се две лица од Велес. Старецот кој почина на1-ви април рано наутро, а по смртта му беше откириено дека е заразен со корона вирусот. И денес починатиот велешанец на 58 годишна возраст, колега на оздравените вработени од ШС Бабуна.
Tweet |