речник контакт

Двајца пациенти, позитивни на ковид-19 починале на Инфективно одделение

Бројот на починати во велешко, од последиците на ковид заразата е 180 лица

Петар Печков

Изминатиот деноноќие на Инфективното одделение од велешка Болница, кое е ковид центар починале две лица. 

И двајцата пациенти биле позитивни а починале од последиците на корона вирусот.  Двете лица биле невакцинирани, незаштитени од ковид заразата.

„Во текот на ноќта починат е пациент на 62 годишна возраст од Велес лекуван три дена. Утрово починат е  пациент  на 78 годишна возраст од  Горно Јаболчиште лекуван еден ден“ - кажа д-р- Елеонора Јованов портпарол на велешка Болница.

Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на ковид заразата се искачи на 180 лица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »