Петар Печков
Објавено: вторник, 04 август 2015
Утрово во 8 часот на железничкиот премин кај селото Кадрифаково, автомобил удрил во воз, откако минел на железнички премин. Во автомобилот биле брачен пар од селото Ерџелија, кои од непознати причини удрил во возот.
Поради тежината на повредите жената која е во животно загрозувачка состојба со повеќе скршеници е префрлена на Ургентен во Скопје, додека сопругот кој управувал со возилото е здржан во Штипската болница, со скршеници на двете нозе.
Тој бил професионален возач и со такси комбе превезувал ученици. Од МЖ велат дека преминот е обележан со вертикална сигнализација со сообраќаен знак и прашање е зошто истата не ја почитувал возачот. На ова прашање одговор ќе даде истрагата.
Брачниот пар утрото доаѓале од нива и патувале кон Ерџелија, кога удриле во патничкиот воз Штип- Велес. Тој сообраќа два пати во текот на денот, еднаш претпладне и втора пат попладне.
Tweet |