Петар Печков
Објавено: вторник, 20 јуни 2023
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднело кривична против двајца полицајци.
„Против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поднесени се кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "примање поткуп" по член 357 од Кривичниот Закон. Имено, полициските службеници на 16 јуни годинава, за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари“ - соопштија од МВР.
Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а истите ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка.
Tweet |