Петар Печков
Објавено: петок, 05 ноември 2021
Изминатите 24 часа починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19 а згрижени во велешка Болница, на Инфективното одделение. Тоа се жена на 58 годишна возраст и маж на 70 годишна возраст, информираа од Болницата. Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на ковид заразата достигна до 228 лица.
Изминатите 24 часа, во велешко има 20 нови случаи на лица позитивни на ковид-19. Во истиот период оздравени се двајца пациенти, информираа од Инситутот за јавно здравје. Бројот на активи случаи се искачи на 351.
Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти во трите ковид одделенија е за еден поголем од вчера и изнесува 48, потврдени се 33, непотврден е еден случај а негативни се 14 но со потреба од продолжено лекување.
„Ново примени се пет пациенти, еден на Инфективно и четворица во Модурната. На кислородна поддршка се 25 пациенти. Испишани со по еден негативен тест како оздравени се двајца пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.
Од згрижените пациенти 24 се на Инфективно одделение, 16 во Модуларната болница, додека на Интерно се осуммина.
Tweet |