речник контакт

Двајца починати и седум нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 25 пациенти, двајца помалку од вчера

Петар Печков

На Инфективното одделение  од велешка Болница изминатите 24 часа,  има починато две  лица,  двајцата мажи од Велес,  на 63 и 83  годишна возраст. И двајцата имале ковид пневмонија.  Со ова бројката на починати во велешко достигна до  278  смртни случаи во велешко, од последиците на корона вирусот.

Во велешко изминатите 24 часа по  регистрирано седум    нови случаи на лица заразени со ковид-19 и  осум  оздравени, објавија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи е 164 лица.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 25  пациенти,  двајца  помалку од    вчера.  Од нив 17 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, непотврден  нема а   негативни се осуммина, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Изминатите 24 часа нема ново примени ниту испишани како оздравени. На  континуирана кислородна поддршка се 10 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

 

На Инфективно одделение згрижени се 18  а на Интерно седум пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »