Петар Печков
Објавено: среда, 08 декември 2021
Две починати лица, позитивни на ковид-19 од Велес регистрираше Институтор за јавно здравје. Едното на 74 годишна возраст, маж бил на лекување на клиниките во Скопје додека жена на 72 годишна возраст се лекувала на Инфективно во Велес.
Таму е почината и уште една пациентка жена на 68 годишна возраст од село Амзибегово -Светиниколско. И двете пациентки имале ковид пневмонија Со ова бројот на починати од последиците на ковид-19 од велешко достигна до 265 лица.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 28 пациенти, три помалку од вчера. Од нив 18 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврдени се три и седуммина се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Испишани се тројца пациенти како оздравени, примени се исто толку нови случаи. На континуирана кислородна поддршка се 14 пациетни“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти и петмина на Интерно.
Tweet |