Петар Печков
Објавено: сабота, 15 мај 2010
Во петокот вечерта во 20,00 часот во Медицинскиот Центар - Велес е донесена седумгодишната Ј.К. на која и се констатирани тешки телесни повреди ,линеарна фрактура на череп.
Според СВР Велес, во петокот околу 15,00 часот во с.Мелница, велешко, две лица М.Д.(27 год) и Ш.Н.(22 год ), лица со посебни потреби, се расправале и фрлале со камења при што случајно ја погодиле Ј.К. нанесувајќи и тешки телесни повреди. Девојчето поради тежината на повредата е префрлена во Клинички Центар - Скопје.
Tweet |