речник контакт

Двајца сириски бегалци ограбени во Згрополци

Делото го сториле четворица засега непознати лица

Петар Печков

Во петокот попладне бегалци од Сирија ограбени во село Згрополци,  од засега непознати лица. 

Според СВР  нивна патрола која била  во патничкиот воз бр.630 кој сообраќал на релација Гевгелија- Скопје,  по тргнување на возот од железничка станица Згрополци кон  железничка станица Велес, пронајдени се две лица сириски државјани A.A.(1981) и A.M.Б.(1987).

Тие се пожалиле дека истиот ден во 6 часот  во село Згрополци  биле нападнати  од страна на 4 лица облечени во цивилна облека. Тие   биле со возило  засега непозната марка, и  им била извршена кражба. Непознатите  лица ги сопреле илегалците и истите се претставиле како полициски службеници, при што им извршиле пребарување по облеката и им одзеле 2000 евра.

По извршената кражба истите биле упатени на железничката станица Згрополци за да се качат во воз бр.630 кој наводно сообраќал кон Србија. Сириските државјани се пренесени во прифатниот центар.Полицијата трага по сторителите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »