речник контакт

Двајцата патници од сообраќајката кај Катланово, кои беа во животно загрозувачка состојба, се успешно излекувани, соопштија докторите од ТОАРИЛУЦ

Тројцата патници со тешки телесни повреди се во добра здравствена состојба

Петар Печков

Двете лица, патници кои беа тешко повредени и во животно загрозувачка состојба, се надвор од животна опасност. Станува збор за вработени од Велес, кои по завршувањето на работното време се враќале дома и  беа тешко повредени по излетувањето на комбито, од автопатот Скопје – Велес кај тунел Катланово. Останатите тројца кои имаa тешки телесени повреди се во добра здравствена состојба.

„Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија, Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија. Благодарност за натчовечките напори на дежурните и редовните медицински тимови. Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани“ – информираа од ТОАРИЛУЦ.

Уште еден пациент беше повреден а  хоспитализран во Градската болница Св. Наум Охридски, на 42 годишна возраст. Кај него докторите констатирале изместување на колк и  тој беше надвор од животна опасност.

Во сообраќајна несреќа која се случи на 16 октомври во 17,45ч.  животот го загубија три лица, сопатниците А.Н.(37 год), Ј.А.(47 год) и Д.Ц.(66 год), сите од Велес. Со тешки телесни повреди се здобија  возачот О.Д.(32 год)  и сопатниците З.С.(59 год), В.З.(67 год), Н.Н.(33 год) и Б.П.(42 год), сите од Велес.

Лицата кои беа повредени се превезувале секојдневно  на релација Велес- Скопје и обратно, со две возила сопственост на фирмата која била правно лице од  скопско Лисиче.  Ги управувале некој од вработените. Тие  работеле како заварувачи и бравари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »