Петар Печков
Објавено: вторник, 19 март 2024
Во неделата на Прочка, откако две девојки од Велес, било откриено дека питачат на гробиштата во Неготино, вработениот побарал тие да заминат, по што физички го нападнале. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 17 март во 12.45 часот во ОВР Неготино, Т.Б.(50 год) од Неготино, чувар во Јавно претпријатие во Неготино, пријавил дека на Градските гробишта во Неготино, бил физички нападнат од Џ.Џ.(29 год) и А.Џ.(28 год), двете од Велес, затоа што не им дозволувал да питачат на гробиштата.“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Веле3с.
По документирање на настанот, против двете девојки, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Tweet |