Петар Печков
Објавено: вторник, 07 септември 2021
Две велешанки се степале со гевгеличанка на Автобуската станица во Неготино. Инцидентот се случил во понеделникот навечер.
„На 6-ти септември околу 19.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автобуската станица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ. (30 год) и С.К.(29 год), двете од Велес, од една страна и Љ.Т.(48) од Гевгелија, од друга страна“ - соопшти Верољуб Додевски, протпарол нa СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, полицијaта ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |