Петар Печков
Објавено: сабота, 19 декември 2020
Пет смртни случаи на лица позитивни на ковид-19 за пет дена, се регистрирани во велешка Болница. Денес на последиците од заразата им подлегнаа две жени од Велес.
Починати се две пациентки на 65 и 70 годишна возраст, од Велес, лекувани два дена на Интерно одделение, и двете биле позитивни на ковид-19 - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Ове две пациентки се 83-та и 84-та жртва на ковид зарзата во велешко.
Tweet |