Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 октомври 2017
Ермин Мехмедовиќ (31 год) од Горно Оризари ја призна вината за сообраќајка во која почина 4,5 годишно дете па побегна. За двете кривични дела ,,тешки дела против безбедноста,, и не укажување на помош,, Ермин доби две години затвор. Или за првото доби година и десет месеци а за второто четири месеци, или единствена казна од две години.
Незадоволен од изречената казна, тој најавил жалба на висината. Мехмедовиќ изрази жалење, им се извини на оштетените семејството Зекирови, чие дете од тешките повреди здобиени во сообраќајката почина на лице место.
Се се` случи мошне бргу и во миг. Со длабоко жалење се извинувам на семејството бидејќи сам почувствував како е да се носи на душа детски живот. Се поболев и сакав да се самоубијам да си го одземам животот. Од семејството барам разбирање - рече Ермин, додека со солзи додека го читаше писмото, кое го составил во затвор,каде беше до пред еден месец заради криумачрење на мигранти и отслужуваше казна од 14 месеци.
Сообраќајката се случи на 28 јануари 2015-та година, на регионалниот пат Велес – Чашка, околу 20,25ч. близу некогашна Нокатекс, на излезот од Превалец. Ермин со автомобил ,,голф2,, возел од Горно Оризари кон Велес.
Според обвинението возел со брзина од 75 км/ч. неприлагодена за усвоите на патот и времето кога се случил настанот, кога од десната коловозна летна преминал на левата на земјено проширување каде стоеле семејството Зекирови, мајка со двете дечиња- син и ќерка, кое чекало такси за дома до Горно јаболчиште.
Ермин удрил во девојчето Зејха кое од здобиените повреди умрело на рацете од братчето. Мехмедовиќ побегнал од местото на сообраќајка, го оставил детето без помош, а неговиот автомобил е пронајден следното утро кој го оставил на патот кон село Војница.
Несреќата на семејството Зекирови е голема, оти пред седум години, нивниот тогаш најстар син Невзат Зекиров почина во велешката болница по операција на слепо црево. Докторот кој ја изведе операцијата беше прогласен за виновен и доби казна затвор од една година.
Tweet |