Петар Печков
Објавено: четврток, 04 април 2019
Скопјанецот Адријан Селмани доби две години затвор за кражба на часовници вредни еден милион денари. Во Основен суд Велес тој беше прогласен за виновен за делото ,,тешка кражба,, по што судијата му досуди две години затвор но и обврска на оштетениот да му врати 667 292 денари оштета. На Селмани му се судеше во отсуство, тој не е достапен на органите на прогон.
Делото го сторил, заедно со уште две лица, Никола Митовски кој претходно го призна делото и доби условна затворска казна од две години ако во следните четири стори ново кривично дело. Додека за Рамо Бејтулах судот доби потврда дека е починат во Република Италија и кривичната постапка против него се запира. Кражбата на златарницата на ул. Благој Ѓорев се случила на ноќта помеѓу 1-ви и 2-ри јуни 2016-та година во временскиот период од 22 часот до 9 часот, од каде тројцата сторители одзеле машки и женски рачни часовници разни марки во вкупна вредност од 997.292 денари.
Според обвинението Никола Митковски и Адријан Селмани стоеле пред златарата и внимавале да не наиде некој, обвинетиот Бејтулах со клешта и шрафцигер ја скршил бравата на заштитната решетка, па откако го скршил катанецот, со алат - шрафцигер ја отворил бравата на влезната врата на објектот. Кога ја отворил вратата, сите тројца обвинети влегле го пронашле клучот со кои се обезбедени стаклените излози, ги отвориле излозите и оттаму одзеле 104 машки и женски рачни часовници различни марки во вредност од 6 до 17 илјади денари, потоа побегнале.
Tweet |