речник контакт

Две години затвор за крадецот кој украде храна од кујната на детската градинка

За друго дело, кражба на клима од амбулантата Панче Васков доби една година затвор

Петар Печков

Мејсур Зекиров (32 год), крадецот кој лани украде храна од кујната на Детските градинки во Велес е осуден на две години затвор, по признание на вина.

Кражбата се случи лани во периодот недела 12 март  на пладне до понеделник наутро , кога од кујната на градинката, лоциран кај Стар мост, одзел храна во вредност од 53 илјади денари. 

Во Основен суд Велес му се судеше за кривичното дело „тешка кражба“ а делото кое го сторил го признал. 

Тој меѓу другото украл  зејтин,  грав,   замрзнати пилиња,  сирење,   кашкавал,  шеќер,  сол,  брашно, како и транспортна количка за храна. со која украдената стока ја пренесувал.  

Истото лице, Мејсур Зекиров,   со друга пресуда доби една година затвор, затоа што од амбулантата Панче Васков на ЈЗУ Здравствен дом, украл клима уред. Тој го признал делото „тешка кражба“ кое го сторил во периодот помеѓу 9 јуни попладне  до 13 јуни  наутро, во време на продолжениот викенд Дуовден.   Пресудите се правосилни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »