речник контакт

Две години затвор за неготинец кој ги искрши гласачките кутии

Во судот во Велес падна казна затвор за кршење гласачка кутија

Петар Печков

 Две години затвор доби Дејан Димитриевиќ  (34 год) од неготинското село Пепелиште за кршење на гласачка кутија. Тој во Основниот суд во Велес беше прогласен за виновен за сторено кривично дело ,, Спречување избори,,.

Димитриевиќ според обвинението за време на претседателските избори, прв круг на 13 април,  во 17 часот и 10 минути влегол на избирачко место 1234  во Криволак, ја искршил гласачката кутија. Откако бил приведен од полицијата, бил извршен алкотест и  кај него е измерено  високо присуство на алкохол, дури  од 3 промили.

Димитриевиќ го призна делото пред судот и изрази каење.  За стореното тој доби ефективна казна затвор од две години а укинат  му е притворот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »