Петар Печков
Објавено: вторник, 15 мај 2018
Радовишанецот Горан Ѓеоргиев викан Зрното (39 год) доби две години затвор за сообраќајка во која имаше еден починат и тројца тешко повредени лица, вклучувајќи го и самиот Ѓеоргиев.
Тој беше прогласен за виновен во Основен суд Велес за кривичното дело,, Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,,. Освен затврска казна доби и забранма со управување на возило една година, период во кој не влегуваат минати во затвор.
Сообраќајката се случи на 28 јуни 2016-та гдоина, близу Велес, околу 21,42 часот кај градската депонија, на магистралниот пат Велес – Штип. Сведоците раскажуваа дека тоа бил директниот удар помеѓу два автомобила марка ,,БМВ,, едниот возел кон Велес, вториот го напуштал градот.
Според обвинението Георгиев патувал кон Велес и возел со пречекорена брзина или со брзина од околу 112км./ч., и не држел страна на движење, преминал на левата страна односно на средната сообраќајна лента од коловозоот на спротивната сообраќајна лента од регионалниот пат и со предната десна челна половина удрил во предната челна лева половина на автомобил марка BMW кое во тој момент доаѓало од спротивен правец.
На лице место почина Василка Нанева (68 год). Трите лица од БМВ-то со англиски регистарски таблички, си оделе дома за Свети Николе, откако утрото сопружниците Н.М и Е.Н допатувале Лондон, и заедно со нивната мајка Василка Нанева (68 год), биле на гости кај нејзината сестра и тетка во Велес.
Од спротивна страна, од Штип кон Велес, доаѓал Ѓеоргиев кој од Радовиш патувал на посета кај неговата девојка во Прилеп. Кај обвинетиот не било пронајдено присуство на алкохол во крвта и урината. Имајки ја во предвид доесегашната повеќекратна казнуваност на обвинетиот за прекршоци од областа на сообраќајот, што укажува дека Ѓоргиев може повторно да изврши исто или слично дело, Судот му изрече споредна казна „Забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија“, во траење од една година сметано од денот на правосилноста на пресудата, во која не се засметува времето поминато во затвор.
Во спасувањето на повредните учествуваа две возила на итната помош од Велес, како и две пожарникарски возила кои го гаснеа огнот и ги вадеа повредените од оштетените возила.
Tweet |