Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 ноември 2024
Десет претстави се на репертоарот на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ овој месец ноември. Има и две гостувања.
На сцената ќе настапи актерката Ангелина Стојанова со монодрамата „Срам“ на 12 ноември, на мала сцена. Таа е прва нејзина претстава каде отворено зборува за одредени проблеми со кои се соочила во животот. Гостување има и на 26 ноември, на Театарот од Трговиште од Бугарија.
Овој месец велешки театар ќе има и две гостувања во странство, во Никшиќ Црна Гора со „Едвард Втори“ на 7 ноември и на 30 ноември во Нови Сад со претставата „Нема струја за електричниот стол“.
На 11 ноември велешките актери ќе гостуваат во Битола, во рамките на одбележувањето на 80 години од тамошниот театар, со претставата „Вечера за глупаци“. Истата на матичната сцена ќе биде одиграна на 13 ноември. Таа е хит и билетите за неа се распродаваат со денови однапред.
Велешката публика ќе има можност да ги види и претставите „Сара“ вторник на 5 неовмри, „Татко“ на 14 ноември, следниот ден „Синиот портокал“, на 19 на репертоарот е „Лепа Ангелина“, на 21 е „Паника“ и на 27 е „4 соби“.
На 20 ноември на Млад отворен театар ќе се изведе македонската премиера на претставата „Без крв“ која е работена во копродукција со Драмски театар од Пловдив Бугарија. Ио иако работена со средства од Министерството за култура, нема да се игра на матична сцена во Велес.
Tweet |