Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2020
Вчера напладне на излетничкато место Бабуна се удриле два велосипедисти, двајца малолетници, при што едниот се здобил со тешки телесни повреди. СВР Велес информираше за инцидентот.
На 2-ри јули во 13 часот било пријавено дека на место викано „Бабуна“, на патниот правец Велес- Градско, се судриле два велосипеда управувани од двајца 14-годишници од Велес. Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди - информираа од СВР Велес. Еднмот од повердените е пренесен до велешка Болница со возило на Итната помош, откако му е дадена неопходната здравствена помош.
Од велешката Болница дека кај нив се примени две деца со повреди здобиени од меѓусебен судир со велосипеди.
Едното дете има повреди на заби и вилица поради што е со упат упатено на максиофацијална хирургија во Скопје. Второто дете има телесни повреди по лицето и е пуштено на домашно лекување- соопшти д-р Весна Николовска Неделковска, портпарол на Општа Болница Велес.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.
Tweet |