Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јули 2019
Во текот на првите шест месеци годинава во велешко регистрирани се две каснувања од змија. Ова го соопштија од ЈЗУ Општа Болница Велес, каде двете лица побарале помош на инфективното одделение.
И во двата случаи станувало збор за земјоделци, кои кога биле каснати работеле во поле. Едниот случај е на маж од село Караслари а во вториот жена од село Бузалково. На каснатите лица им бил даден серум против змија.
Во 2017-та и во 2016-та имаше по еден случај на каснати од змија. лани беше посетител на Градскиот парк, додека во 2016-та полјоделец кој беше каснат до змија уште на крајот од март.
За разлика од тоа во 2015-та имало пет случаи на каснување од змија.
Tweet |