Петар Печков
Објавено: недела, 12 септември 2021
Две лица од Велес на 60 и 73 години се починати како последица на ковид заразата изминатите 24 часа, информираа од Министерството за здравство. Починати се маж од Велес на 73 годишна возраст и жена од Долно Јаболчиште на 60 годишна возраст и двете лица позитивни на ковид-19.
По ова бројот на почините лица од велешко, како последица на корона вирусот се искачи на 190 пациенти.
И повторно висок број на ново заразени со ковид-19 во велешко, кој според здравствениот билтен за претходните 24 часа изнесува 24 лица а оздравени се осум пациенти. Со ова бројот на активни случаи во велешко изнесува 257 .
Вкупно се хоспитализирани 68 пациетни, од кои 49 се потврдени позитивни, шест сомнителни и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 41 пациенти.
Згрижени на Инфективно одделение се 45 пациенти, во
Модуларната болница 17 и шест на Интерно.
фото Кирил Миланов
Tweet |