Петар Печков
Објавено: недела, 10 јануари 2021
По подолго време во велешка Болница регистрирани се два смртни случаи, на починати лица, како последица на ковид-19.
Во текот на вчерашниот ден се починати двајца пациенти , еден на 57 годишна возраст од Горно Оризари, хоспитализиран на Инфективно одделение еден ден и пациент на 82 годишна возраст од Велес, лекуван на инфективно одделение 12 дена - кажа др- Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.
Со ова бројката на починати лица од велешко, од корона вирусот достигна до 96.
Tweet |