Петар Печков
Објавено: вторник, 17 октомври 2023
СВР Велес до ОЈО Велес поднелно кривични пријави за две лица, кои се сомничат дека сториле фалсификување на пари. Детали од соопштението на СВР Велес.
„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против И.К.(28 год) од Велес и Х.З.(28 год) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 08.08.2023 во казино во Велес, пријавените пуштиле во оптег шест банкноти од по сто американски долари и ги размениле за денари, што било потврдено по извршено вештачење“– информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Tweet |