Петар Печков
Објавено: недела, 03 септември 2017
Два и пол километри или повеќе од час и половина Борјан Јовановски и Далибор Стојковски двете момчиња од Скопје пливаа на Велешкиот пливачкиот маратон. Водите на велешкото езеро Младост тие го сечеа со ударите на рацете, одмерено, синхронизирано, во ритамот на далеку поискусните учесници рекреативци, нив околу 40-тина.
Тоа и не е вест ако и двајцата храбри, смели и пред се` одважни момци не се лица со нетипичен развој. И на двајцата ова им е втор учество, откако пливаа претходно и на малиот Охридски маратон. Далибор Стојковски има 16 години учи во ОУ Кирил Пејчиновиќ.
Многу сум среќен што учествував и пливав. Тоа што и стигнав последен за мене не е важно. Ќе пливам ако има уште некој вакви маратони – вели Далибор.
Тој тренира три пати неделно, понеделник среда и петок по час и половина. Велешкиот маратон го пливаше заедно со Борјан Јовановски, кој исто така има 16 години, и тој е од Скопје.
Сакам да пливам, пливањето многу го обожувам. И не беше тешко да се плива – рече Борјан.
Од есен ќе учи во Средното Лазар Танев објаснува дека ќе го продолжи школувањето за да прави слатки. И двете лица с е членови во Здружението на граѓани,,Дајте ни крилја,, тренираат пливање повеќе години.
Двајцата наши членови испливаа без поголем проблем 2,5 км а од година ако продолжат со тренинзи ќе пливаат и 10. Финансиски не сме поддржани многу од институциите, се надевам дека Агенцијата за спорт ќе го види нивното учество и ќе помогне за следната година. За моја сатисфакција го сметам тоа што имавме случај на дете кое имаше фатена целосна десна страна од телото, се движеше со количка. По три недели пливање се дигна, искачи три скали, потоа по два месеци и 21 скала а по четири месеци пливање дете излегува од базен оди од комбето и заминува дона – вели Панче Игнов тренер и придружник на двајцата учесници.
Проектот кој тој го работи е насловен ,,Слобода во вода,, и се практикува шеста година. Во него повеќе од 400 деца земале учество, сите со различни попречености. ЗГ ,,Дајте ни крилја,, за лица со нетипичен развој и ретки болести е од Скопје,а претседател е пеачката Ребека.
Tweet |