речник контакт

Две награди, актерски за младите велешани амaтери на ДАФ во Кочани

Hајдобра машка улога награда за Кристијан Јорданов а за споредна на Стефан Никоволски, во претставата ,,Адвакатот Патлен,, на драмското студио Прличко во режија на Слободанка Чичевска

Петар Печков

Во саботата вечер во Кочани беа доделни наградите на 55-тиот Драмски аматерски фестивал. Горан Стојановски, драмски уметник претседател и  Наталија Теодосиева и Билјана Крајчевска, исто така, драмски уметници, беа членови  на оценувачката комисија. Две добија и младите велешки актери, аматери а еве го и образложението. 

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се додели на Кристијан ЈОРДАНОВ за врвното актерско мајсторство, во улогата на ПАТЛЕН во претставата „АДВОКАТОТ ПАТЛЕН“ авторот непознат, во режија на Слободанка ЧИЧЕВСКА, а во изведба на Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес.

НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА МАШКА УЛОГА се додели на Стефан НИКОЛОВСКИ за покажаниот огромен творечки потенцијал и свежината што ја внесе во секоја појава на сцената, во улогата на ТИБО, во претставата „АДВОКАТОТ ПАТЛЕН“ авторот непознат, во режија на Слободанка ЧИЧЕВСКА, а во изведба на Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес

НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ГРАН-ПРИ „ВАСИЛ ЌОРТОШЕВ“ ја доби претставата „МЕЃУ НАС Е ТИВКО“ во изведба на Младинска сцена при Интимен театар од Битола. 

 На тркјалезнта маса ден по претставата за неа беше кажано од страна на театарскиот критичар Тодор Кузманов ,, Младите велешани направиле претстава од ништо. Се работи, за талентирани деца, убава замисла и за многу убаво користење на музиката. Во секој случај инвентивно, забавно, релаксирачки. Ова претстава, го одбележува ова издание на ДАФ,,.

Во очекување претставата да ја проследиме во Велес, честитки за младите актери аматери.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »