речник контакт

Две ново заразени лица во Велес со ковид-19, оздравени нема

Во велешко има активни 18 лица, на Инфективно одделение 12 пациенти -осум се потврдено позитивни

Петар Печков

Заклучно со вчеравечер, кога се прави листата на ново заразени со ковид-19, во велешко има две нови лица заразени со ковид-19, оздравени нема. ова е денешната информација од Центарот за јавно здавје Велес. Така во  општината има активни  18 лица.

Двата нови случаи на позитивни со кoвид-19 се две жени од градот. Едната смета дека се заразила од член на семејството, додека втората не може да презицира во епидемиолошката анкета од кого се заразила. Немаме оздравени пациенти - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

Во велешко досега  има вкупно 287 заразени лица,  255 се оздравени и 14 починати. Од активните случаи 12 се на домашно лекување, пет на Инфективно одделение и еден е на Инфективна клиника во Скопје. 

На Инфективно одделение од велешка болница денес има 12 хоспитализирани пациенти, од нив 8 се потврдени позитивни за  4 се чекаат резултати од земен брис.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »