Петар Печков
Објавено: четврток, 14 мај 2020
Во текот на изминатите 24 часа во Велес регистрирани се два нови случаи на лица позитивни на ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.
Нив ги водат дека кластер се семејството. Во Велес како активни се водат 49 случаи, од досега заразените 11 лица.
Денес како оздравени се водат три лица, од кои еден бил на лекување на Инфективното одделение. Таму се хоспитализирани 21 пациент а еден од нив чека резултати по извршеното тестирање, а лежи поради симптомите кои ги има.
Три пациенти поради влошената состојба, двајца вчера и еден денес се пренесени на Инфективната клиника во Скопје.
Tweet |