речник контакт

Две пациентки од Велес, починаа од последиците на ковид заразата, нови 20 позитивни случаи

Бројот на заразени со корона вирусот во велешко достигна до 311 лица

Петар Печков

Две починати лица  од Велес  на 86  и 74 годишна возраст, како последица на корона вирусот и двете се во болнички услови, соопштија од Министерството за здравство. Со ова бројот на смртни случаи до велешко како разултат на ковид заразата достигна 205 лица.  Од велешка Болница дополнија деја се починати  се две жени на 74 години лекувана три дена  и 86 години, лекувана девет дена и двет на   инфективно одделение.

Растe и бројот на лица заразени со корона вирусот, кој достигна до 311, откако изминати 24 часа се регистрирани и 20 нови случаи во велешко а оздравени се 11.

Вкупно  хоспитализирани на трите ковид оддрленија од велешка болница се 60 пациенти,  од кои  41 е потврдено позитивен, осум се  сомнителни  и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 28 пациенти. Испишани се тројца  пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно одделение згрижени се 30, на Интерно десет и во  Модуларна болница 20 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »