речник контакт

Две победи на младите репрезентативци во футсал, во Велес

Преслушана беше Романија. Гол постигна и велешанецот Леовски

Петар Печков

Младата футсал репрезентација  до 21 година, забележа  две победи на контролните средби со селекцијата на Романија кои се играа во Велес во салата Гемиџии.

Во средата победи со 3:1 иако сите голови го постигнаа ,,жолтите,,. До победата оваа селекција дојде со головите на Пљакиќ и Илиќ во второто полувреме. Во првото полувреме беше нерешено откако Македонија поведе со голот на Златковски, Романците израмнија преки автоголот на Вукановиќ.

Втора победа на тест дуелите со соодветната селекција на Романија, надежите ја забалежаа вчеравеечр, четврток.  Славеа уште поубедливо победувајќи ги со 5-1.
Уште во првото полувреме Македонија стигна до лесна предност со головите на  велешанецот Леовски, Илиќ и Златковски а во вториот дел стрелци беа Ѓоргиевски и Трендафиловски. Стрелец на единствениот гол за Романија беше Октавиан.

Од Фудбалската Федерација на Македонија  изјавија дека ,, Мора да ја пофалиме и публиката во Велес која беше со нас на двата натпревари и ни даде голема поддршка,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »