Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 март 2026
Учениците од ОУ Блаже Конески од Велес ги освоија првите места на натпреварот „Ѓубре за уметност 2026“ организиран од ПАКОМАК.
Учениците од прво и второ одделение од oва велешко основно училиште, ги освоија две први места со своите креативни и уникатни изработки, кои на прекрасен начин ја претставија идејата за рециклирање и заштита на животната средина.
„Овој успех е резултат на нивната посветеност, креативност и желба да направат позитивна промена преку уметноста“ – порачаа од училиштето.
„Секое дело носи порака за одржливост, одговорност и нов начин на гледање на „отпадот“ – беше пораката од организаторот Пакомак.
Во категоријата нула отпад победи трудот насловен „до последниот клик“ додека во категоријата училишта, победи трудот „еко-желка“. За овие победнички дела, создадедни од рециклирачки материјали, наградата од Пакомак е по 30 илјади денари.
| Tweet |






