Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 април 2026
По велешките сообраќајници реализирана е превентивна активност на тема „Вози совесно, вози одговорно. Во рамки на активноста на возачите им било укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Реализирана е уште една превентивна активност на тема „Паркирај одговорно“.
„Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Како дел од превентивната активност на тема „Паркирај одговорно“, на возачите им беше потенцирано дека непрописното паркирање покрај тоа што е казниво, ги изложува останатите учесници во сообраќајот на опасност и затоа е неопходно возилата да се паркираат на дозволени места за таа намена и секогаш да се почитуваат знаците и ознаките на коловозот“ – соопштија од МВР.
Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Активносите се реализирани од полициски службеници од Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај Велес.
Полициски службеници од ПО Чашка пак реализираа превентивна активност во рамки на која беше посочена потребата од намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи. Беше реализирана и превентивна активност на тема „Вози одговорно“ , укажувајќи им на возачите за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи, во насока на зголемување на сообраќајната култура. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.
фото МВР
| Tweet |





