речник контакт

Две премиери, турнеја на велешки театар во Бугарија и гостување на три алтернативни претстави во месец ноември

На репертоарот се и шест претстави на велешки театар, кои се играат пред распродадена сала

Петар Печков

Две премиери и две гостување на велешки театар во месец ноември. На почетокот од месецот, понеделник на Театарскиот Балкански фестивал кој се одржува во Благоевград Бугарија, велешани гостуваат со новата претстава „Ние двајцата и Алојз“ за што ТрМр веќе пишуваше. Во среда заедно со Драмскиот театар од Пловдив во овој град ќе ја изведат копродуциската претстава „Без крв“ во режија на Дијана Добрева.

Премиери овој месец се „Вљубениот Шекспир“ на 17 ноември- вторник, дипломска работа на Бојана Василевска, која следниот ден ќе има реприза. Втората премиера е за монодрамата „Кога земјата молчи“  авторски проект на Весна Бобевски, закажана за 28 ноември, сабота.  

На репертоарот се и шест  велешки претстави. Комедијата „Госпоѓа министерка“ на 6-ти ноември петок, „Ние двајцата и Алојз“ на 7-ми ноември сабота, „Нона“ на 10-ти ноември -вторник,  „Мало невино убиство“ на 21 ноември -сабота, „Не можеме да платиме, нема да платиме“ на 25 ноември, „Тестостерон“ на 26 ноември четврток. 

Најавени се и три гостувања на сцената на велешки театар. „Медеја“ на Артема- Скопје, театарска лабораторија која работи на современи сценски изведби и театарски истражувања на 20-ти ноември петок. „Фрида“ -  по текст на Драгана Левенска, а во режија на Тамара Стојаноска.  Претставата, која е приватен проект во соработка со Драмскиот театар, го обработува животот на славната мексиканска сликарка Фрида Кало, нејзината борба со физичката болка, бурната љубов со сликарот Диего Ривера, загубите и начинот на кој личните искуства ги претворала во уметност. Наместо класична биографска приказна, претставата се фокусира на жената зад познатиот лик.Главната улога ја игра авторката Левенска, а Сашо Тасевски го игра Диего Ривера. Гостувањето е најавено за 23 ноември, понедeлник. И за крај на месецот на 30 неомври е гостувањето на претставата „Драга Јелена Сергеевна“ проект на продукција Хибрид.  магистерска претстава на режисерката Шенај Мандак, реализирана во соработка помеѓу МНТ и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »