речник контакт

Две претстави на драмски аматери од Велес во официјална програма на Драмскиот фестивал на аматери, кој се отвора со комедијата „Вечера за глупаци“

Во официјална програма се „Тивки жртви“ на МДПС „Премиера“ и „12 ноќ“ со велешките гимназијалци

Петар Печков

На 61 издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) кој се одржува во Кочани, ќе се прикажат две претстави на велешки драмски аматери.

Но пред тоа, вечерва, понеделник, на отворањето на фестивалот ќе биде одиграна хит претставата , комедијата „Вечера за глупаци“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“.   

Среда на пладне,  во официјалната програма е претставата „Тивки жртви“ на Младинското драмско студио „Премиера“ на авторот Бранкца Радојќич а во режија на Анита Мирчева.

Четврток, исто во официјалната програма,  на пладне е претставата „12 ноќ“ со  велешките гимназијалци, работена според текст на Вилијам Шекспир а режија на Цветанка Карамаркова, Весна Павлова, Ненад Витанов, Нина Митевска и Ива Илиевска.

Претставите  се играат во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани. Фестивалот  трае шест дена  а  селектирани се 16 претстави. 

Жирито кое одлучува за наградите е Пеце Ристевски, претседател, и режисерите Ненад Витанов и Елеонора Теова членови на комисијата како и Владимир Тулиев претседател на управниот одбор на ДАФ.

фото ФБ/ДАФ

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »